Короната дојде за да остане – со помалку или повеќе крв и солзи, сеедно, вели за Плусинфо, проф. д-р Драган Даниловски во врска со влошената ковид-состојба во регионот и појавата на новата верзија на сојот делта, наречена делта плус.
– Короната дојде за да остане – со помалку или повеќе крв и солзи, сеедно. Ние цело време, од почетокот на пандемијата, имавме „лабава“ кореографија на „танцот“. И тоа нѐ чинеше (и нѐ чини) многу крв и солзи.
Но, се покажа дека таа скапа цена ни овозможи т.н. четврти бран да го искусиме први во регионот – летно-есенскиот бран.
Да не ги елаборираме веќе секому познатите причини за тоа (непостоење на бариери на границите во текот на летото, свадбите, журките).
Во тоа меѓувреме, сите други околу нас како да беа „уљуљкани“ во едно самозадоволство дека тие имаат успешна кореографија, пред сѐ, заради порано достапните вакцини кај нив.
Па, дури и великодушно ги поканија и нашите граѓани да се вакцинираат кај нив. Благодарни сме заради тоа, дефинитивно, објаснува д-р Даниловски во врска со четвртиот бран на коронавирусот кај нас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Даниловски објаснува: Смрт од Ковид-19 или смрт со Ковид-19?
Фото: МЗ