Епидемилого Драган Даниловски за телевизијата Сител изјави дека варијанта Омикрон на Ковид-19 се шири за четири пати повеќе и со тоа се демантирани претходните дезинформации.
„Кога се појави на крајот на ноември сите бевме на штрек. Се покажа дека има вкупно 60 мутации. Како дезинформации се покажаа вестите дека е 500 пати, или 70 пати позаразен. Четири пати позаразен е и помалку опасен. 80 пати помала е веројатноста да завршите во болница.
Најчести симптоми се болки во грло, течење на носот и главоболка. Сепак имаме работа со поблаг вирус“, рече Даниловски.
Тој додава дека сите вакви укажувања не значат дека сите треба да се опуштат. Постарите граѓани треба да бидат внимателни и да се вакцинираат со трета доза.
„Ќе бидам во право дека сигурно ќе имаме зголемен број на случаи, но ќе се лечат дома како изолирани. Нема да имаме како минатите бранови и преоптеретеност на болничките капацитети.
Крајот на пандемијата кај нас настапи со изнемоштеноста. Со резигнација граѓаните прифаќаат да живеат со вирусот“, рече Даниловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ