еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Доктор Даниловски за новата омикрон варијанта на Ковид-19: Строго носење на маски во затворен простор, редуцирање на гостите во угостителски објекти и автобусите

Доктор Драган Даниловски строго инсистира на носење маски во затворен простор и да се одржува растојание кое е препорачано, поради новата варијанта на Ковид-19, омикрон.

Тој во разговор за Канал 5, потенцираше дека ако се влоши епидемиолошката состојба, рестораните, кафеаните и клубовите треба да се затворат. За сега, според него, доволно е да се ограничи бројот на гости во угостителските објекти.

Според него, проблем е и јавниот превоз.

„Треба да се воведе скалесто работно време за да може да се редуцира бројот на автобусите.

Училиштата да продолжат сонастава во физичко присуство, а да се затвораат селективно, ако има некаде каде што ќе се надмине одреден број на заболени.

Ако се потврди дека овој сој дава благи симтоми нема да има потреба за загриженост дури и да биде 500 пати позаразен,“ изјави Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Болки во телото и екстремен замор кај помладите, опасен за постарите: Кои се симптомите на омикрон, новата варијанта на Ковид-19

Проф. Трајковски: Нема место за паника, новиот сој на Ковид-19, омикрон, се разликува само во шилецот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

67% од новите случаи со Ковид-19 во последните пет месеци се невакцинирани

Редакција

(ВИДЕО) Иван Огњановски, првиот пациент со трансплантирано срце и денес е на Клинички – но не како пациент, туку како вработен

Редакција

Проф. Трајковски за зголемување на ковид-бројките: Високата стапка на прележаност и вакцинираност, не би требало да дозволат големо избувнување, барем не до есента

Редакција