еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Мехмедовиќ: Најсигурна заштита против омикрон е добар клеточен имунитет, кој се создава преку вакцинација и со прележување

Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје за Канал 5 вели дека засега со сигурност се знае дека омикрон е позаразен од досегашните варијанти на вирусот.

„Првичните податоци се многу охрабрувачки, затоа што говорат за намален процент на хоспитализација и за намален процент на потреба од кислородна поддршка – се смета дека само десет проценти од оние коишто ќе бидат хоспитализирани, имаат потреба од кислородна поддршка, што е добра вест.

Меѓутоа, сето ова не треба да нѐ залажува и да сметаме дека имавме среќа со појава на една ваква варијанта, баш поради нејзината поголема преносливост, ќе имаме голем број на позитивни случаи, а со тоа и поголем број луѓе во болниците и оптоварување на здравствениот систем“, вели Мехмедовиќ.

Тој додава дека луѓето кои ќе имаат силен клеточен имунитет, кој се создава преку процесот на вакцинација и со прележувањето на болеста, веројатно нема да имаат тешка клиничка слика, да мораат да бидат примени во болница или да имаат смртен исход.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски: Омикрон сојот е четири пати позаразен е и помалку опасен

Детектиран прв случај на сојот омикрон кај нас: Пациентот по втор пат се заразил со Ковид-19, а бил вакциниран и со две дози на „Фајзер“

Доктор Беќаровски: Омикронот може да создаде сериозни економски импликации, од таму и стравот

Фото: Фејсбук/Мехмедовиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија се уште има семејства со повеќе од девет деца

Редакција

АХВ: Нема законски пречки здруженија да раководат со прифатилишта за животни

Редакција

(Фото) Фамилијарна новогодишна честитка од министерот Бектеши

Редакција