еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Кунгуловски: Додека ги донесете вакцините, намалете смртни исходи како знаете(ме) и умеете(ме)

Доктор Горан Кунгуловски, коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ на својот Фејсбук, коментира за актуелната ситуација со вакцинацијата.

„Иницијалното сузбивање на SARS-CoV-2 пандемијата отсега, па натаму e возможно на еден начин:

  1. Вакцинација

Сузбивањето на нови епидемии со нови соеви на SARS-CoV-2 што ќе излегуваат во наредните години е возможно на еден начин:

  1. Ревакцинација со нова вакцина (нема да се чека за неа).

Почнуваш со иницијален имун одговор и заштита. И понатаму само го носиш тој имун одговор на додатни обуки за да добие нови вештини (борба со нови соеви).

Толку е просто.

Донесете вакцини и не релативизирајте. Додека ги донесете, намалете смртни исходи како знаете(ме) и умеете(ме).

Вакцинирајте се и не релативизирајте“, напиша тој вчера на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски со анализа за смртноста од Ковид-19: „Безмалку половина од оние кои биле во болница, починале“

Редакција

(Фото) Заева и партнерката на Ципрас на прошетка на Кале

Редакција

Од Газа евакуиран и брачниот пар од Македонија

Редакција