Омикрон варијантата на Ковид-19 е еден од најзаразните вируси познати досега во историјата, пишува матичниот лекар Ненад Лазаров на неговиот Фејсбук-профил.
„Се шири аерогено и десетици пати поуспешно од претходните варијанти. Најзаштитена категорија се луѓето со три дози на вакцина.
За тежина на болеста е рано да се зборува, најверојатно е со полесна слика, но проблемот е во тоа што од драстично поголем број на новозаразени повторно ќе се генерираат огромен број хоспитализации.
Ако го видиме сценариото кое моментално се случува во Европа и Америка и кај нас, а секако ќе го видиме, нашиот здравствен систем ќе колабира за неколку дена со оглед на тоа дека веќе сме колабирани.
Без редовно секвенционирање и со вакво мизерно несериозно тестирање ние немаме поим што всушност се случува на терен.
Она што сигурно ќе ни помогне е следното:
Веднаш да се премине на препорака за употреба на минимум N95/ffp2 стандард за цивили наместо оваа циркузијада со хируршки маски, шалови, бандани и др. мандани.
Веднаш да се откажат и забранат секаков вид на масовни собири во затворено.
Децата на распуст продолжен и онлајн настава додека не ни стане јасна ситуацијата.
Секој невакциниран да се вакцинира вчера, за медицинари треба да биде задолжителна и трета доза!
Од сите нас зависи исходот, особено кога од властите имаме малку или воопшто грижа и помош,“ пишува Лазаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Пановски: Омикрон најверојатно е веќе присутен во Македонија
Фото: Фејсбук/Лазаров