еМагазин
Image default
Македонија

Доктор Зибери за „ТВ24“: Ако вирусот се повторува, вакцината нема да биде решение, ќе треба да се пронајде лек

Докторот и пратеник Арбен Зибери смета дека е рано да се прогласи крај на пандемијата иако мерките се олабавија.

Тој во гостувањето на телевизија 24 истакна дека кај нас свеста треба да работи и да се сетиме на тоа што предходно ни се случуваше со вирусот.

Tој додаде дека може да се размислува за прогласување на крај на епидемијата во земјава кога процентот на вакцинирани и прележани ќе достигне 80 отсто.

„Мислам дека процентот на прележани, заедно со процентот на вакцинирани е некаде 60 отсто, но ние можеме да зборуваме за крај кога ќе стигнеме до 80 отсто,“ додаде Зибери.

Според него, ако вирусот се повторува во есен и зима, тогаш вакцината нема да биде решение, ќе мора да се пронајде лек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пандемијата не е завршена има потенцијална закана за можен удар од вирусот, вели Филипче

Доктор Пановски за СП: За да се прогласи крај на епидемијата треба да нема ниту еден нов случај 28 дена

Фото: Фејсбук/Зибери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почувствуван земјотрес во јужните делови на земјава

Редакција

Во Куманово шест новозаболени и еден починат од Ковид-19

Редакција

Кривичен: Апелациja наместо административно да ги враќа предметите, има законска можност, но и обврска, мериторно да одлучува

Редакција