еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Докторката Момировска: Размислете кои Ви се критични точки во денот за да се заразите со Ковид-19

Докторката Ана Момировска на Фејсбук предупредува да бидеме внимателни за клучните точки во денот при кои можеме да се заразиме со Ковид-19, на работа, со пријатели, во автомобил…

“Ова малку како епидемиолошка приказна, но некогаш приказните полесно ги капираме.

Асан вакциниран со две дози Фајзер има антитела > 250 IU/ml. Се опуштил дека е заштитен топ, некаде не внимавал и се зарази со Делта веријанта.

Два дена пред да качи температура бил на состанок со шест вработени, на една маса без многу големо растојание. Сите вакцинирани Весна, Блага, Мустафа, Кокан, Раде, итн. Никој од нив не прележал. Асан не носи маска. Другите носат, но додека се пие кафето се вади маската и кај другите и не се внимава.

Еден ден пред да пројави симптоми цел ден се во кола со уште еден колега, кој е и прележан и вакциниран со Фајзер. Не носеле маски во кола цело време. Клиничката слика кај Асан е со температура болки во уво, синуси, течење нос, болки во тело.

Ниеден од состанокот не се заразил. Колегата од кола исто не се заразил. Но, ја заразил жена му која не била вакцинирана и немала прележано. Значи колегата од кола можно е да пренел дома. За жената информацијата е дека не излегувала многу од дома.

Асан има средно тешка клиничка слика, но веќе пребродува, за среќа. Колегата од кола имал антитела Ѕ од вакцина и сите други врсти антитела од прележување. Сето тоа помогнало да не се зарази. Но, најверојатно бил контаминиран со вирусот во кола и го однел дома.

Овој бран се очекува да биде силен, но краток. Месец, два. Размислете кои Ви се критични точки во денот да се заразите. Тука, на тие точки направете си поголема заштита ако може. Тоа е обично на работа, дома, со пријатели. Во кола. Размислете како да појачате заштита.

Вакцинираните се инфицираат, да нема забуна. Но, полесно поминуваат. Вакцините ги заштитиле сите од состанокот, иако не се носеле маски прописно. Секој може да го пренесе вирусот и вакциниран и прележан и непрележан.

Да сме живи и здрави сите! И овој ребус од вирус ќе се реши. Но пред се, можеме сами да си помогнеме и да се заштитиме“, пишува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Петличковски: Шест месеци по вакцинација е можно инфицирање со Ковид-19, многу повеќе отколку по месец или два

Професор Трајковски: Со ова темпо на активни случаи, за една недела можеме да дојдеме до критичната точка за хоспитализација

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај пет лица во Струмица потврден вирус на „свински грип“

Редакција

Природниот прираст негативен, бројот на склучени бракови зголемен за 140,8 отсто

Редакција

Тамара Тодевска е позитивна на Ковид-19

Редакција