еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Домаќинот на „Отворен Балкан“, Вучиќ ги пречека Димитров и Рама во Белград

Како претставник на Владата на Северна Македонија, вицепремерот за европски прашања Никола Димитров утрово во Белград заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, беа пречекани од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е домаќин на работниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Агендата за работниот состанок во Белград, како што соопшти СЕП, започна со средба со претставници на компании од трите земји учеснички во иницијативата „Отворен Балкан“, при што беа разменети идеи и ставови за олеснување на трговијата помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија преку конкретни чекори за градење на заеднички регионален пазар заснован на слобода на стоки, на работна сила, на услуги и на капитал.

– Оваа иницијатива ја изразува длабоката посветеност за унапредување на развојот на нашите земји и директни придобивки за граѓаните. Постои силна и јасна политичка волја, а од нашава средба денес очигледно е дека постои и прифаќање на оваа иницијатива од стопанските комори.

Следните чекори треба да бидат насочени кон интензивирање на јавната дискусија за „Отворен Балкан“ и конкретизирање на оваа доверба на ниво на надлежните институции и испорачување на опипливи резултати во утврдена временска рамка, истакна Димитров.

Дискусијата резултираше со усвојување на заклучоци за преземање на конкретни мерки и активности во насока на реализирање на поставените цели односно операционализирање на слободното движење на луѓето, преку меѓусебно признавање на компетенциите и работните дозволи, укинување на граничните контроли за слободно движење на стоки, дигитална трансформација, зајакнување на енергетските капацитети, заемно справување со несреќи и природни катастрофи, проширување на туристичките понуди и бенефиции во регионот.

За таа цел, предложено е да се формира независно тело за мониторинг кое што јавно ќе известува за имплементирањето на обврските од иницијативата „Отворен Балкан“ и ќе ги следи ставовите на граѓаните за искористувањето на придобивките.

Работниот состанок продолжува со трилатерална лидерска средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од наредната година Србија, Македонија и Албанија со единствена работна дозвола

МИА/Фото: Вучиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како се роди Левица, која има речиси ист рејтинг со ДУИ

Редакција

Најчевска ја подбра американската амбасадорка за договорот со “Бехтел“: Ги прекрши сите правила на дипломатско однесување

Редакција

(ВИДЕО) Силјановска: Ако Пендаровски се чуствува небезбеден, што да очекуваме ние останите противкандидати

Редакција