еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најчевска ја подбра американската амбасадорка за договорот со “Бехтел“: Ги прекрши сите правила на дипломатско однесување

Професорката Миријана Најчевска на Фејсбук остро регираше на интервјуто на американската амбасадорка Анџела Агелер за државната агенција МИА во кое меѓудругото вели дека е убедена оти американската компанија  „Бехтел“ работела транспарентно и законски и дека опозицијата криткувала заради политички поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската амбасадорка убедена оти „Бехтел“ работел транспарентно и законски, опозицијата критикувала заради политички поени

-Амбасадорката дефинитивно ги прекрши сите правила на дипломатско однесување.

Прво, стана адвокат на приватна фирма што е во конфликт со функцијата која ја има.

Второ, ги девалвира институциите во земјата домаќин (Јавен обвинител, суд, Уставен суд, Собрание, комисија за заштита од корупција).

Трето се промовира како експерт во домашното законодавство. Што дефинитивно не е.

Четврто, пред само две недели даде сосема поинаква изјава (која е во рамките на дипломатските узуси) што сега потполно ја згази.

Петто, отворено поддржува конкретна политичка партија во државата.

Незапамтен дилетантизам.

Изгледа, каква држава домаќин такви амбасадори, напиша таа.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И за свадбите ќе има протокол како ќе се организираат, согласно препораките за заштита од корона вирусот

Редакција

Европската комисија ги предаде преговарачките рамки за Македонија и Албанија до Советот на ЕУ

Редакција

Верушевски дојде да сведочи, одбраната бара запирање на постапката за „Таргет – Тврдина“

Редакција