еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Малолетници се борат како гладијатори, возрасните ги гледаат, а институциите ништо не преземаат

Редакција

Пендаровски ќе одмара во Охрид

Редакција

Денеска променливо облачно, попладне локално невреме со пороен дожд

Редакција