еМагазин
Image default
Македонија

Домот за стари лица во Радовиш ставен во карантин

Комисијата за заразни болести претпладне донела одлука Домот за стари лица во Радовиш да се стави во карантин, информираше за МИА државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, кој е и член на Комисијата.

-За здравјето на штитениците во Домот со одлуката на Комисијата ќе се грижат матичниот лекар, но и два пати во денот ќе доаѓаат лекар и медицински персонал од Здравствен дом Радовиш, рече Милошев.

Потврди дека од Домот за стари лица од коронавирусот се заразени десет лица, седум штитеници и тројца вработени, а четворица се на болничко лекување. Останатите се тестирани и се чекаат резултатите од тестовите.

МИА/Фото: Општина Радовиш

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 163 случаи на заболени од корона вирусот од 1.636 тестирања, најголем број во Скопје, Куманово и Штип

Двегодишно дете од Штип заразено од корона вирусот

12 лица од новозаболените со Ковид-19 патувале во странство во последнете 2 недели

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остра осуда од Ковачевски за протестот против „францускиот предлог“

Редакција

Минатата недела бројот на случаи на Ковид-19 се намалил за 13,4%

Редакција

Убава вест: Оздравени 71 болни од Ковид-19

Редакција