еМагазин
Image default
Македонија

Двегодишно дете од Штип заразено од корона вирусот

Двегодишно дете е намјладиот новозаразен со корона вирусот во Штип, покажаа денешните пристигнати резултати од брисевите што ги имаат земено епидемиолозите, но и од приватните лабаратории.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека досега пристигнати се околу 33 позитивни резултати на жители на Штип. Бројката и денеска е висока и двоцифрена.

„Во моментов ги правиме епидемиолошките анкети на новите позитивни случаи во Штип, со цел да утврдиме од каде се заразиле, до овој момент покажуваат дека се од фабричките кластери.

Епидемиолошката анкета за вчерашните случаи покажа дека околу 90 осто од случаите се работници или нивни контакти од осумте конфекции, каде што се појави заразата“, вели Димитрова.

Во штипскиот регион со денешниве позитивни на Ковид-19 бројката изнесува над 333 активни случаи, додека 303 се излекувани.

Димитрова апелира граѓаните да ги почитуваат мерките, како што се држење дистанца, носење заштитни маски и често миење на рацете.

Штип досега има 11 жртви од корона вирусот, по последниот случај кој беше вработен во Општина Штип, во домашен карантин се ставени двајца негови колеги, кои се вработени во секторот за социјални услуги во Општина Штип, а просториите се дезинфицирани.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека денеска на болничко лекување имаат 52 пациенти, од кои неколкумина се со повремена кислородна поддршка.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца од новопочинати од Ковид-19 починале надвор од болница, 79,5% се со претходни заболувања

Расте бројот на новозаболени со Ковид-19 со претходни заболувања

12 лица од новозаболените со Ковид-19 патувале во странство во последнете 2 недели

Промена на старосната структура: Најголем дел од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 40–49 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Нема потврда дека дипломатска пратка се злоупотребила за шверц на цигари и алкохол

Редакција

Дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

Редакција

Германска амбасада: ЕУ да се држи до ветувањата, а Скопје да ги убеди сите дека местото му е во Унијата

Редакција