еМагазин
Image default
Македонија

Во Кочани почнаа подготовките за изградба на монтажна болница за Регионалниот ковид-центар

Општина Кочани ги почна подготовките за обезбедување технички услови за изградба на монтажна модуларна болница за потребите на идниот регионален ковид-центар, согласно предлогот од Министерството за здравство.

На седницата на Општинскиот кризен штаб се разгледуваше можната локација на објектот, како и условите што треба да бидат исполнети за да се обезбеди алтернативно решение за нега на новите ковид-пациенти.

–Кочани е една од општините каде ќе се подигне монтажна болница со целосна опрема, а предлог е таа да биде лоцирана во кругот на Општа болница. За таа цел ние треба да исполниме одредени услови, односно да изработиме платформа со приклучоци за струја, вода и канализација.

Поради тоа ќе извршиме и измени во Планот за јавни набавки. Сметам дека таква монтажна болница е придобивка за Кочани и за регионот заради обезбедување сооодветни услови во справувањето со епидемијата, истакна градоначалникот Николчо Илијев.

Членовите на Кризниот штаб ја разгледуваа состојбата со ширењето на коронавирусот, почитувањето на мерките за заштита, спроведувањето на уредбите и протоколите за угостителски објекти.

–Досега кај нас се направени 1.054 тестови, а регистрирани се 82 позитивни и триесетина активни случаи. Внимаваме, тоа што се случува во Штип да не се прелее и кај нас.

Очекуваме поголем број заболени од почетокот на септември, поради што ги повикуваме граѓаните на сериозно и одговорно однесување, да ги почитуваат мерките за заштита, за да не се соочиме со голема криза, истакна директорот на Центарот за јавно здравје – Кочани, Гоце Серафимов.

Од Одделението за внатрешни работи во Кочани истакнаа дека преземаат мерки за казнување на физичките и на правните лица кои не ги почитуваат уредбите и протоколите за работа. Во содејство со Државниот пазарен инспекторат се прават редовни контроли во угостителските објекти, но во наредниот период тие ќе бидат зачестени со зголемување и засилување на мерките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Штип ќе се постави монтажна болница за бранот на Ковид-19 од септември

МИА/Фото: Општина Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во затворот во Штип почина 33-годишен затвореник од Кочани

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 664 пациенти

Редакција

Новата епизода од „Рекет“ во светските медиуми: Притворот на Катица Јанева одекна и во Кина

Редакција