Организацијата Лулка веќе 10 години го организира и одбележува Светскиот ден на предвременото породување 17. Ноември во Македонија (WPD – World Prematurity Day). Оваа година слоганот гласи „Родителската прегратка: Моќна терапија“.
Активностите кои ги организира Лулка имаат за цел:
– Да ја подигнат јавната свест за предвременото породување.
– Да го насочат медиумското внимание кон овој важен јавно здравствен проблем.
– Сакаме да обезбедиме финансиски средства за осовременување и подобрување на третманот на овие бебиња преку донирање на опрема и потрошен материјал онаму каде е најпотребно и преку обука на персоналот.
– Сакаме да обезбедиме непречено одржување на групи за поддршка на семејствата кои имаат предвреме родено бебе или дете и за трудниците кои имаат ризична бременост.
-Сакаме да ја поттикнеме дебатата за превенција на предвременото породување и за подобрување на процесот на следење на развојот кај овие бебиња и деца.
„За таа цел, во пресрет на овој за нас многу значаен ден, организираме Донаторска недела од 10-17.11.2022 година.
Ве покануваме со Вашата донација да ги поддржите нашите напори да влијаеме на состојбата на предвреме родените бебиња, на квалитетот на лекувањето и негата и на целокупната добросостојба на семејствата кои се засегнати од предвременото породување,“ велат од Лулка.
Вашата донација може да ја реализирате на нашата сметка:
„Здружение Лулка Скопје – Донации“
отворена за Донаторската недела:
Ж-ска број: 300000004904647