еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска дождливо, најмногу снег на Попова Шапка

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Во утринските часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои пониски места.

Попладне во југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде се измерени -5 степени Целзиусови, Лазарополе со -4 и Берово со измерени -3 степени.

Најтопло било во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Гевгелија, Демир Капија, со измерени 3 степени, и Дојран со измерени 4 степени Целзиусови.

Висината на снежната покривка во седум часот изнесувала 37 сантиметри на Попова Шапка, 15 Лазарополе, 12 Пожаране, 7 Маврови Анови и 4 сантиметри во Крушево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бигорски манастир: Една година литургиско и канонско единство

Редакција

(Видео) Шилегов му ја затвори вратата на Коста Петров

Редакција

Петличковски за СП: Природниот имунитет е подобар од вакциналниот, тоа не значи да се „трча„ по инфекција за подобар имунитет

Редакција