еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Драги политичари, најмалку е важно кој побарал помош од Словенија

Македонските политичари, а посебно оние од поголемите политички партии дефинитивно не покажуваат чувство за состојбата во која се наоѓа нашата земја и продолжуваат со секојдневни меѓусебни напади, обвинувања, преписки и соопштенија како да е време за предизборна кампања.

Тие всушност се однесуваат како изборите кои беа закажани на 12 април да не се откажани поради појавата на корона вирусот.

Се фатија двете најголеми партии во костец за тоа кој обезбедил помош од Словенија, како да е тоа сега најважната работа во светот.

Уште повеќе, политичарите како да забораваат дека во моментов на власт е техничка Влада во која членуваат министри од различни партии кои беа дел од власта и од опозицијата во последниот парламентарен состав, што е своевидно олеснување во однос на товарот и одговорноста, што треба да се понесе во справување со новата зараза.

Така што секојдневните политички преписки се навистина беспотребни и само ги дотепуваат граѓаните кои се веќе доволно психолошки и економски оптеретени од кризата предизвикана од корона вирусот.

Време е за коректна комуникација и вистинска соработка за полесно да се надмине незавидната состојба во која се најде Македонија.

Најтешкото доаѓа!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

65 од случаите на заболени со коронавирусот импортирани, 302 лица имале контакт со веќе потврден случај

(Мапа) Скопје, Куманово и Дебар со најголем број, во Крушево први случаи на заболени со коронавирусот

Бројот на заболени здравствени работници во Македонија порасна на 57

(Табела) Нов рекорд на заболени со коронавирусот во Македонија на дневно ниво

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Логистичкиот центар на Лидл во Куманово ќе биде готов најдоцна за година ипол

Редакција

Од полноќ предизборен молк: Да не беа гафовите и гестикулациите ќе умревме од досада

Редакција

Нови 67 случаи на заразени со корона вирусот во Македонија, 25 оздравени и еден починат

Редакција