еМагазин
Image default
Локално

Драма во Тетово: Се обиделе да го киднапираат среде улица

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.Д., В.Ф.(35) и А.Р.(36), сите од Скопје, за сторено кривично дело „грабнување во обид“. На 25 април во Тетово, во село Палатица пријавените со патничко возило „Мерцедес“ го попречиле движењето на возило во кое биле две лица, а откако тие застанале, првопријавениот дошол до возилото и со раце го фатил едното лице, додека второ и трето пријавениот со употреба на сила се обиделе да го внесат другото лице во нивното возило.

Настанот бил забележан од граѓанин кој почнал да бара помош, по што пријавените влегле во своето возило и го напуштиле местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Нов снег во Скопје

Редакција

Негувателка во градинка во Велес на децата им давала да пушат електронска цигара, Обвинителството отвори предистрага

Редакција

Битолчанец загина откако со возило излетал од пат

Редакција