еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државата ќе плаќа отштета за смртта на двајца Роми во македонските затвори

Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) информира дека македонската Влада ќе плати 24.000 евра на семејствата на двајца Роми кои умреле под сомнителни околности додека биле во затвор во 2017 година.

Станува збор за случаи кои стигнале до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кои се затворени по постигната спогодба меѓу членовите на семејствата и Владата.

Андриас Реџепов, 21-годишен Ром, умрел во КПУ Идризово, Скопје на 11 март 2017 година. Беше известено дека умрел од предозирање со метадон иако не бил зависник од дрога. Постојат докази дека, во часовите пред неговата смрт, Реџепов бил изложен на тортура. Неговите родители ќе добијат оштета од 6.000 евра поединечно.

Јусинов Ердал беше 25-годишен маж кој умрел на 22 март 2017 година во затворот КПД Штип откако, во часовите пред неговата смрт, не му била обезбедена медицинска нега. Јусинов бил женет и татко на 3-годишно момче и 1-годишно девојче. И во овој случај постојат наводи дека бил малтретиран од страна на затворските чувари и лекари. Неговата сестра ќе добие оштета од 12.000 евра“, велат од ЕРРЦ.

Оттаму додаваат дека овие смртни случаи биле дел од серија на четири сомнителни смртни случаи на затвореници Роми во период од девет месеци во 2017 година, во неколку затворски установи низ земјата.

„Цела Северна Македонија треба да го смета секој од овие трагични смртни случаи како срам за нивната земја. Ова е трет случај во последните години во којшто ЕЦПР ја тужеше Северна Македонија и обезбеди илјадници евра како компензација за семејствата на починатите – и ќе продолжи да ги истражува сите случаи на сомнителна смрт и да презема правни дејствија ако властите одбиваат да преземат одговорност за нивните пропусти.

Од 2017 година, ваквите грешки ги коштаа македонските даночни обврзници повеќе од 33.000 евра во исплатени штети, а ЕЦПР има и други случаи кои чекаат разрешница. Ова треба да биде порака за одговорните дека институционалната дискриминација е скапа, а ние ќе се осигуриме таа скапо да ве чини “, изјави претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ.

Од Европскиот центар за правата на Ромите велат дека иако пријателската спогодба значи дека нема да се донесе пресуда за осуда на надлежните власти, исплатата на оштетата во ваков износ, како што велат, во одредена мера ја адресира сериозноста на човековите права што биле повредени, но и дека може да се смета како премолчено признание на вина од страна на Владата.

Истовремено, оттаму потсетуваат дека нивниот случај во врска со сомнителната смрт на друг Ром, 39-годишниот Бекир Демир, се уште чека разрешница пред Европскиот суд за човекови права.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кралот на Шпанија го потпиша Протоколот за членство на земјава во НАТО

Редакција

Вонредно обраќање на Иванов: Не се разговарало за воена состојба, прашање е кој сакал да го злоупотреби Кабинетот на претседателот

Редакција

Метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата, вели Мизрахи за случајот Онкологија

Редакција