еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Државна видеолотарија донираше мобилен ехо-апарат на Клиниката за детска хирургија

За потребите на Клиниката за детска хирургија, денеска беше дониран мобилен ехо апартат, донација од Државната видеолотарија.

„Ова е добар пример на компанија која е општествено одговорна. Здравството е навистина сензитивен сегмент, помошта е секогаш добредојдена, особено кога се во прашање децата и нивното здравје“, истакна министерот Венко Филипче.

Донацијата на мобилен ехо апарат е во висина од 20.000 евра и за првпат се набавува во јавното здравство.

„Државна видеолотарија како модерна компанија, настојува да одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Настојуваме да бидеме одговорни кон сите, особено кон ранливите категории во нашето општество. Кога ја добивме идејата за Детска хирургија, нашето раководство безрезервно реши да ја поддржи. Со донација од 1.230.000,00 денари се вклучивме во набавка на апарат кој ќе биде од примарна важност за функционирањето на овој оддел од Јавната здравствена установа, Универзитетска клиника за детска хирургија.

До крајот на годинава, како иницијатор поттикнавме една друга слична акција, која веруваме ќе резултира со уште еден убав проект кој ќе се однесува на здравствените придобивки за најмладите. Овие активности ќе ги продолжиме и ќе ги прошириме и во текот на следната 2019 година. Посакуваме да бидеме пример и за останатите компании, со цел да овозможиме здравствени придобивки за целото општество“, изјави Виолета Ристоска, маркетинг директор на Државната видеолотарија.

Министерот Филипче најави дека во буџетот за следната година, предвидени се средства во Програмата на Министерството за една посебна патологија, за бенигни тумори на деца, кои што до сега не беа предвидени и кои што беа навистина како патологија живото-загрозувачки и со тоа ќе се зголеми и експертизата и можностите за лекување на тие дечиња во Македонија, а при овие зафати неопходен е овој мобилен ехо апарат.

„За првпат во јавното здравство се набавува ехо апарат кој што е мобилен. Тоа значи, дека ќе може да се носи на различни позиции и ги има сите сонди на него. Може да се оди на Гинекологија, Педијатрија, може да се носи во амбуланта. Ги има сите сонди со кои ќе се подобри работата на сите заболувања од детската возраст“, информираше Владимир Чадиковски, хирург на Клиниката за детска хирургија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски за ТВ 24: Смрноста од Ковид-19 е 60%, продолжува трендот секој доктор да си лекува по свое

Редакција

Колку „мајмунските сипаници“ се опасни по здравјето: Кои се симптомите и како се пренесуваат

Редакција

Д-р Мехмедовиќ: Пред нас е силен бран на Ковид-19, најмногу на удар ќе бидат невакцинираните

Редакција