еМагазин
Image default
Македонија

Дебата на СЕММ: Поинтензивна граѓанска вклученост во медиумската саморегулација

„Саморегулацијата во медиумите, интересот на јавноста и граѓанска вклученост“ е тема на дебатата што ја организираше Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска, во Охрид.

Со присутните од граѓанскиот сектор, медиумите и институциите се дискутираше за улогата и значењето на граѓанската вклученост во поддршката и унапредување на работата на телото за саморегулација во медиумите.

„Јавноста е особено важна во инвестициите за професионална и квалитетна работа на медиумите. Демократијата бара јавна дебата, а не само информации. Ако и јавноста ја поддржува саморегулацијата таа ќе функционира ефективно, а медиумите ќе се заштитат од контрола од центрите на моќ“, рече Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ.

Механизмите за учество на јавноста во работата на СЕММ ги претстави претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски.

„Особено ни е важна комуникацијата со граѓанскиот сектор, посебно во делот на заштита на човековите права, но и дијалогот со раководството на медиумите. Кога соработката е добра, праксата се менува во позитивна смисла“, апелираше Адамчевски.

„Голем број од медиумите веќе јавно истакнувааат дека ја поддржуваат саморегулацијата. Но тој процес не треба да запре тука, важно ни е сите да реагираат за она што се случува во новинарското известување. Заедно ќе бидеме најефикасни во детектирањето на ‘лошото’ новинарство и афирмирањето на ‘доброто’“, истакна Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби при СЕММ.

Настанот се организираше во рамки на проектот поддржан од Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оливер Спасовски и Наќе Чулев единствени кои дале исказ во Обвинителството за софтверот на Рашковски

Редакција

Високиот процент на антитела не значи дека е постигнат колективен имунитет, вели заменик министерот за здравство, Рендевски

Редакција

Започна процесот на обединување на ПОА на Вранишковски со МПЦ-ОА

Редакција