еМагазин
Image default
Македонија

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, поднесе оставка

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, поднесе оставка на функцијата од лични и здравствени причини.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од пет години, од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.

-Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамки на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување, се вели во соопштението.

Од Министерството за одбрана и Армијата му се заблагодаруваат на Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дваесет и шестгодишник од Кавадарци позитивен на Ковид-19, се заразил од врсник

Редакција

Честит Илинден: 112 години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ

Редакција

39 нови случаи на Kовид-19 од 817 тестирања

Редакција