еМагазин
Image default
Локално

Тоалетите во „Стив Наумов“ биле лошо реконструирани, затоа паднал таванот

Државниот студентски дом „Скопје“ соопшти дека освен материјална штета на санитаријата, нема повредени при паѓањето на таваните во два тоалета во домот „Стив Наумов“ вчеравечер.

Од таму информираат дека се работи на поправка и тоалетите ќе бидат ставени во функција во текот на денов, нагласувајќи дека инцидентот е последица на неквалитетна реконструкција на тоалетите направена од претходното раководство на домот.

-Од утрово ангажирани екипи веќе работат на санација на плафоните во двата тоалета и во текот на денот тие ќе бидат санирани и ставени во функција. Паднатиот таван  во студентскиот дом „Стив Наумов“ е последица од неквалитетната реконструкција на тоалетите во домот, што е уште еден од низата проблеми кои ги остави претходното раководство, соопшти Државниот студентски дом, додавајќи дека  ќе ја разгледа документацијата за извршената преадаптација на тоалетите во  „Стив Наумов“ односно кој ја одобрил и на што се должи нискиот квалитет.

Државниот студентски дом најави и дека со германска помош ќе бидат реконструирани сите студентски домови по приоритетна листа и дека за таа намена Министерството за образование и наука веќе издвоило 30 милиони денари.

Во надлежност на Државниот студентски дом „Скопје“ (поранешен Државен студентски центар) се четири единици: „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Невена Георгиева-Дуња“ т.е. Медицинар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кров падна во тоалетите на студентскиот дом Стив Наумов, среќа што нема повредени

Фото: Веле Ангелески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Откриени 100 килограми марихуана и пиштол со пригушувач во камион на Табановце

Редакција

Овошните насади во Преспа се 100 проценти уништени

Редакција

Засилени контроли на МВР: Во Скопје вчера санкционирани 325 возачи

Редакција