еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Откриени 100 килограми марихуана и пиштол со пригушувач во камион на Табановце

На 19.11.2019 околу 00.10 часот на Граничниот премин „Табановце“, по добиени оперативни сознанија, било запрено товарно моторно возило „даф“, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан“, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, валандовско, информира МВР.

Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од над 100 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол.

Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје ќе има дочек на Новата година, еве кој сè ќе настапи

Редакција

На ГАК почина 33-годишна пациентка, директорката Јовановска демантира дека и се пресечени црвата, наместо папочната врвка

Редакција

(Фото) Mакедонската култура претставена во Кралскиот колеџ во Лондон

Редакција