еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во Скопје ќе има дочек на Новата година, еве кој сè ќе настапи

За дочекот на Новата 2024. година, на плоштадoт „Македонија“ во Скопје ќе настапат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Дочекот е во организација на „Комора на музичка индустрија“, во соработка со Град Скопје.

Од 25.12.2023 на истото место започнува празничниот базар, кој ќе трае до 07.01.2024 година (во прилог целата програма).

Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци.

Водители на празничниот базар ќе бидат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

Спонзор на настаните под заедничко име „Градот убав ве кани сите“ е Дајмонд Мол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè ќе настапи за дочекот на Нова година во Охрид

Во Гевгелија ќе има организиран дочек на Новата година, еве кој сè ќе настапи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од идната година ЕВН Хоум ќе ја пресметува цената за домаќинствата и малите потрошувачи, ама крајната одлука повторно ќе ја има Регулаторот

Редакција

Репрезентацијата го завршува настапот на ЕУРО 2022: Македонија загуби од Црна Гора, останува уште дуелот со Данска

Редакција

Шеесет и пет годишен човек од Скопје почина во сообраќајка кај Крива Паланка

Редакција