еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од идната година ЕВН Хоум ќе ја пресметува цената за домаќинствата и малите потрошувачи, ама крајната одлука повторно ќе ја има Регулаторот

Од следната година по истите формули што ги применуваше Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ЕВН Хоум ќе ја утврдува цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи.

Оваа обврска ЕВН Хоум ја презема од Регулаторната комисија за енергетика согласно новите измени на Законот за енергетика како универзален снабдувач.

Пресметките што ЕВН Хоум ќе треба да ги прави за оваа категорија на потрошувачи ќе се одредуваат врз основа на влезни цени што ќе ги утврди Регулаторната комисија за енергетика, односно цените и тарифите за пренос (МЕПСО), дистрибуција (Електродистрибуција) и за операторот на пазарот на електрична енергија (МЕМО).

Тоа значи дека цената на струјата кај домаќинствата и малите претпријатија ќе се одредува по ист модел како и досега, под надзор на Регулаторната комисија за енергетика, од страна на ЕВН Хоум.

ЕВН Хоум ќе ја примени формулата што ќе ја добие од РКЕ, како и другите влезни параметри кои ќе ја одредат идната цена на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи.

Под нивна надлежност остануваат цените и тарифите за пренос (МЕПСО), дистрибуција (Електродистрибуција) и за операторот на пазарот на електрична енергија (МЕМО).

Регулаторот следната година ќе ги добие сите податоци и информации на увид пред цената да биде утврдена и истите ќе може да ги провери во кое било време.

На денешната прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши, истакна дека кај ЕВН Хоум ќе биде само техничкиот дел додека крајниот збор ќе го биде кај Регулаторната комисија за енергетика и најави дека Министерството за економија ќе даде и писмено толкување на Законот за енергетика.

Промените во енергетскиот систем во областа на струјата се дел од регулативата која е поврзана со либерализацијата па пазарот и е во согласност со правната рамка на Европската Унија во оваа област.

Регулативата предвидува целиот процес да заврши со слободен избор за снабдувач на секое домаќинство. Иако регулативата и сега го дозволува тоа, заради технички и социјално-економски причини оваа можност не се применува.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбележување на Светскиот ден на пчелата 2023: Сите зависиме од нивниот опстанок

Редакција

Oдлуката е до 10 јануари: Од денеска задолжителен негативен тест за влез во Грција

Редакција

Најголем број од новозаболените од корона вирусот на возраст над 60 години

Редакција