еМагазин
Image default
Македонија

ДУИ не размислува за избори

За ДУИ е најважно да заврши процедурата во Собрание за уставните измени. Тоа го викаме план А, а планот Б е доколку се исцрпат можноси од планот А. Тогаш ќе имаме предвремени избори, истакна денеска заменик-претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Ние сметаме, посочи, дека 99 отсто од времето, енергијата и нашиот фокус треба да бидат насочени кон планот А и да најдеме начин да собереме двотретинско мнозинство и да ги направиме уставните измени за да продолжиме со скринингот, да продолжиме со членството во НАТО и во ЕУ.

– Доколку се исцрпат, а јас сум се уште оптимист дека не се исцрпени сите можности се разбира дека може да размислуваме и за планот Б – избори кои што отвораат повеќе непредвидливости отколку ја појаснуваат состојбата, рече Османи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за попис

Редакција

Ковачевски од Тирана: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за забрзан економски раст и за европеизација на регионот

Редакција

Заев: Бојкотот на пописот нема да и донесе ништо добро на државата

Редакција