еМагазин
Image default
Македонија

Дума и Кондарко повторно сведочеа во „Титаник 2”

Повторното судење за случајот „Титаник 2“ денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи со сослушување на сведоци.

Свое повторно сведочење пред судечкиот совет предводен од судијата Огнен Ставрев, имаше и поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Виолета Дума (прво сведочење август 2018 година).

Исто така, сведочеа и актуелниот член на ДИК, Борис Кондарко, и портапоролот Адмир Шабани.

Дума и Кондарко, во својство на сведоци беа сослушани и во август 2018 година.

Судењето за „Титаник 2” се води против претседателот на ДПА, Менду Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибрами, против екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и против три поранешни членови на ДИК.

Постапка за овој случај произлезе од „бомбите” објавени од СДСМ, а обвинението е застапувано од поранешниот специјален јавен обвинител Гаврил Бубевски.

Според обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите учествувале во изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашковски спроведен во затворот во Шутка

Редакција

Пренесувањето на Пендиков во Бугарија за лекување е дел од смислено сценарио, вели Спасовски

Редакција

Битолчанец заразен со Ковид-19, кој се вратил од Занзибар, хоспитализиран во Заводот за нефрологија во Струга

Редакција