еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пренесувањето на Пендиков во Бугарија за лекување е дел од смислено сценарио, вели Спасовски

За министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тоа што Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ експресно беше префрлен во Бугарија на лекување е дел од смислено сценарио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Од иста групација се тепачите и тепаниот во Охрид

-Секако дека ова е креирање на сценарио, со кое се сака да се покаже наводна грижа, а исто таква и подобра може да добие и во установите во РСМ.

Нашиот дел ќе го правимее. Не смее да подлегнеме на провокациите од било која страна која ќе го нарушат нашиот меѓудржавен однос, кој ќе го нарушат нашиот пат кон ЕУ. Иако сметам дека сериознио државата мора да реагира и да одговори на секоја провокација и навреда на македонскиот народ и македонската држава, вели Спасовски во интервју за „Утрински печат“ на Слободен печат.

Тој во интервјуто се осврна и за лажните вести кои циркулираа во врска со случајот Пендиков, пред се во Бугарија.

-Многу лажни вести се шират во овој дел. Не реагирала полицијата иако било пријавено, не реагирало здравството, што не е точно.

Веднаш после пријавата, после сознанијата македонсктите полицајци отидоа во болница за да видат што се случува, да земат изјава, се дадоа првичните изјави. Во болничките центри, во Општа болница се преземени мерки, од првично згрижување на пациентот и заминување во Свети Еразмо.

Ова мора да го знае македонската јавност за да не бидеме манипулирани поради неинформираност, не заради друго, дециден е Спасовски и додава дека сите овие манипулации што се прават од надвори и внатре во земјава имаат одредена цел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември, откри бугарскиот амбасадор Ангелов

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Без побарана согласност од Обвинителството Пендиков бил пренесен во Софија

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај

Редакција

Вкупно 257 здравствени работници во Македонија заразени со корона вирусот, оздравени 236

Редакција

Се јави Груевски: Јанакиески е уценет, приклештен и принуден да дава лажни изјави против мене

Редакција