еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Дури 47% од Австријците против влез на Македонија во ЕУ

Резултатите од најновата анкета на Австриското друштво за европска политика (ОГфЕ) покажуваат дека Австријците, за разлика од нивните политичари, се против членството земјите од Западен Балкан во Европска Унија.

Мислењето на австриската јавноста за членство на Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија  во ЕУ не покажува големи осцилации.

Дваесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ, а против се 47 отсто.

Поддршката за членството на Албанија во Унијата изнесува 22 проценти, а 51 отсто од Австријците се против.

Австријците не гледаат благонаклоно ниту кон членството на Косово во ЕУ, за се изјасниле 16 проценти од испитаниците, додека поддршката за Босна и Херцеговина изнесува 29 отсто.

Анкетата покажува дека Србија има 24 проценти поддршка, а Црна Гора еден отсто помалку.

Резултатите покажуваат дека најмала поддршка има Турција, за нејзино членство во ЕУ се изјасниле само осум проценти.

ОГфЕ од 2010 година спроведува истражување на јавното мислење за пристапот на Западен Балкан и Турција, а сега во истражувањето се вклучени Украина, Молдавија и Грузија.

Анкетата покажува дека подршката за Украина е 24 отсто, за Молдавија 22 проценти, а за Грузија 17 отсто.

Во анкетата беше поставено и прашањето за проширување на Шенген зоната со Романија и Бугарија. Само 38 отсто од анкетираните би ја прифатиле Бугарија во Шенген зоната, а 36 отсто би ја прифатиле Романија.

– Официјална Австрија одамна се гледа себе си како убеден поддржувач на проширувањето на ЕУ, особено кога станува збор за влезот на државите од Западен Балкан.

Сепак, населението традиционално има поинакво мислење за ова прашање. Јавното мислење е поделено по ова прашање и тоа е одраз на политичкиот дискурс. Консолидацијата на Унијата и решавањето на акутните проблеми во јавноста има јасна предност во однос на понатамошното, поголемо проширување на ЕУ, истакна генералниот секретар на ОГфЕ, Пол Шмит.

Анкетата е спроведена од 11 до 13 април при што се испитани 1.000 граѓани на возраст од 16 до 80 години.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вознемирувачки снимки од суперќелиската бура која го погоди Балканот, има и неколку жртви

Редакција

(Видео) Иван излезе од болница, бил лекуван од тешка дехидрација

Редакција

Каков имот пријавил Љупчо Коцевски, кој е избран за нов државен јавен обвинител

Редакција