еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца лекари од гостиварската болница позитивни на корона вирусот

По речиси 20 денови од првиот случај, во Гостивар се регистрирани два нови, двајца лекари од кои едниот интернист, имале позитивни тестови на на Ковид-19.

Потврда за новите случаи МИА доби од градоначалникот Арбен Таравари и директорот на болницата, Јакуп Јакупи кои рекоа дека се запознати со последните резултати.

 Не можеа да објаснат како лекарите дошле во контакт со вирусот, со оглед дека во општата болница „Др. Ферид Мурад“ на влезот се спроведува епидемиолошка анкета и мерки за дезинфекција. Според директорот на болницата, неговите колеги биле асимптоматски, а се тестирале на лично барање.

Засега е неизвесно дали ќе се спроведуваат дополнителни мерки во интерното оддление, каде што лежат дваесетина пациенти со претежно кардиолошки дијагнози и интензивна нега.

Одлуката за  дополнителни испитувања на двајцата медицинари и како ќе функционира интернистичкото одделение, треба да ја донесат медицинските власти. 

МИА/Фото: Општина Гостивар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Скопје спремно за викенд-карантин

Новинарот на Канал 5 имал контакт со член од семејството кој е позитивен на корона вирусот

Убава вест: Во Дебар од корона вирусот излекувани 23 лица, седми ден нема новозаразени

Болничар од штипското Инфективно одделение позитивен на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ММФ ни предвидува минимален раст на БДП од 1,6%, Владата останува на проекцијата од 3,2%

Редакција

Грета Тунберг е личност на годината според „Тајм“

Редакција

Нови 310 случаи на Ковид-19 од 2.776 тестови, 48 се реинфекции

Редакција