еМагазин
Image default
Локално

Двајца млади скопјани подведувале малолетничка на сексуални услуги

Две лица од Скопје подведувале 17-годишна малолетничка на сексуални услуги. Осомничените ја присилувале и на давање сексуални услуги на други лица за што се стекнале со одреден паричен дадомест.

Како што соопшти МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против Б. Б. (23) и С.Р. (20) од Скопје, за сторено кривично дело „трговија со дете“.

„По добиена пријава од социјалните служби дека 17-годишната малолетничка била подведувана, МВР презеде соодветни мерки и активности и утврдено е дека првопријавениот ја подведувал на вршење полови дејствија и давање на сексуални услуги на други лица, за што од нив земал за себе одреден паричен надомест. Во наоѓање лица за давање на сексуални услуги, освен Б.Б. учестувала и С.Р.. По преземени мерки и активности, Б.Б. и С.Р. се приведени во полициска станица. Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Б.Б. и С.Р.“, се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата информираат дека МВР во координација со Министерството за труд и социјална политика веднаш ги презеле сите неопходни мерки за заштита и психо социјална поддршка на малолетната жртва на трговија со луѓе. На девојката и се направени сите потребни лекарски прегледи и во моментот е сместенa во соодветна институција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсени двајца твродокорни криминалци

Редакција

Трагедија: Момче починало по удар од гром во скопско

Редакција

Малолетник од Авганистан тешко повреден од струен удар на товарен воз во Гевгелија

Редакција