еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца вработени во МНР не го поминале ветингот, ќе добијат отказ

Првичните резултати од почетокот на ветингот на дипломатите во МНР покажува дека на две лица ќе им биде раскинат работниот договор затоа што немаат безбедносен сертификат од безбедносните служби, информира денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-На едно лице при проверка на безбедносниот статус одбиено му е барањето за безбедносен сертификат и не го поминал првиот филтер. За причините за одбивањето не добив образложение, а започната е и процедура за прекинување на работниот однос.

Друго лице користело несоодветен сертификат. И тој не го поминува првичниот ветинг и за него следува прекин за работниот однос. Со тоа може да се заклучи дека две лица не го поминаа ветингот, рече Османи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во седиштето на неговата матична партија ДУИ во Скопје.

Тој посочи дека тоа не е групата на дипломати за кои Ерменија издаде меѓународна потерница преку Интерпол.

Во рамките на темелите проверки, додаде тој, констатирано е и дека шест лица пропуштиле навремено да побараат обнова на своите безбедносни сертификати. По укажувањата дека може да се работи за технички превид, на овие лица, вели, им е даден рок од седум дена да ја исправат оваа грешка и да побараат соодветна сертификација.

-По изминување на рокот поединечно ќе се разгледува статусот на првичниот ветинг за секој од нив и соодветно наодите ќе се одлучува укинување на ограничувањето и нивно целосно враќање на работните обврски  или започнување на процес за прекинување на работниот однос во зависност од тоа како тоа ќе се одвива, рече шефот на дипломатијата Османи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку 40 деца и неколку возрасни се заразиле со Ковид-19 во два летни кампови на Халкидики и на Крит

Редакција

Судењето за “Меѓународен сојуз” продолжува на 24 март

Редакција

На компаниите им требаат 109 дена за наплата на побарувањата

Редакција