Две нови жаришта (кластери) на заболени бележи тетовскиот Центар за јавно здравје кај новите 12 заболени од Ковид-19, додека останатите се поради контакт со веќе заболени лица.
Се бележи и случај на заболен во возрасната група од 10 до 20 години.
-Повеќето случаи се постари од 60 години, но се бележат и заболени во возрасните групи од 10 до 20 години како и од 30 до 50 години.
Од 12-те нови случаи во регионот повеќето од случаите се жители на градот Тетово, како и во општина Теарце. По еден случај има во општините Боговиње и Брвеница.
Имаме два нови кластери, а другите се контакти од веќе заразени лица, изјави Наим Скендери, специјализант по епидемиологија во Центар за јавно здравје Тетово.
Сега на тетовското подрачје има вкупно 100 активни случаи, а вкупно се бележат 257 лица кои биле дијагностицирани со Ковид-19.
МИА/Фото: Општина Тетово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјално: Рекордни 180 новозаболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 109
Нови двајца починати од корона вирусот, вкупно 149
Убава вест: Оздравени нови 11 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.632