еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Официјално: Рекордни 180 новозаболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 109

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1.

Оваа е најголема регистрирана бројка за 24 часа од почетокот на епидемијата во Македонија.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2.790, а бројот на активни случаи е 1.009.

Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна: Скопје 1.158, активни 552,  Куманово 526, активни 110, Дебар 52, активни 1, Штип 142, активни 104, Прилеп 217, активни 31, Тетово 257, активни 100, Струга 91, активни 19, Велес 138, активни 28, Битола 29, активни 3, Охрид 25, активни 8, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 41, активни 20, Гевгелија 6, активни 2,  Струмица 5, активни 3, Крива Паланка 6, активни 0, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 41, активни 10, Пробиштип 5, активни 3, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 2, активни 0, Пехчево 3, активни 0, Берово 2, активни 1, Валандово 3, активни 2, Виница 3, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 3, активни 3, Кичево 3, активни 1, Неготино 14, активни 5 (*8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

“Направените 1. 272 теста се преку: Институтот за јавно здравје –604, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена –136, Биотек -119, Жан Митрев (Филип Втори) –155, Систина со PCR метода –111  и МАНУ -91.Досега во земјата се направени вкупно 34.386 тестирања на Ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти.

На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови двајца починати од корона вирусот, вкупно 149

Инфектологот Каламарас: Персоналот почна да се разболува од корона вирусот, со вашите теории на заговор ќе го убиете па лечете се сами

Двајца доктори во Аџибадем Систина кои воедно се и сопружници, позитивни на корона вирусот

Фото: Факултет за ветеринарна медицина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките сами ќе одлучуваат за евентуално менување на каматните стапки, велат МБА

Редакција

Македонската берза го прекина тргувањето поради вонреден пад на индексот МБИ10

Редакција

(Видео) „За нас“ – музичко првенче на Ања Мицевска

Редакција