еМагазин
Image default
Македонија

Двајца доктори во Аџибадем Систина кои воедно се и сопружници, позитивни на корона вирусот

Пред три дена во вторникот на 2 јуни беа изолирани двајца доктори, кои воедно се и брачни содружници, од КБ Аџибадем Систина, а кои беа суспектни на вирусот Ковид-19, информираат од болницата.

„По направените ПЦР тестови, се потврди позитивен резултат кај двајцата доктори. Според природата на работното место, едниот од нив немал никаков контакт со пациенти додека другиот имал минимален контакт со пациенти.

Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на истите веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни.

КБ Аџибадем Систина продолжува да работи со полн капацитет со преземање на сите максимални мерки за заштита на своите вработени и пациенти и по сите утврдени безбедносни протоколи кои се усогласени со одлуките и мерките за заштита кои ги презема и здравствениот гигант „Аџибадем’’ од Турција,“ велат од Аџибадем Систина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфектологот Каламарас: Персоналот почна да се разболува од корона вирусот, со вашите теории на заговор ќе го убиете па лечете се сами

Над 150 позитивни случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие

Корона вирусот се врати во Дебар, нов случај по педесетина дена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Искршени стакла на шест возила на УБК

Редакција

Убава вест: Оздравени 354 заболени од Ковид-19, во Скопје 198

Редакција

Во затворската казна на Јанакиески за „Титаник“ веќе е пресметан притворот и куќниот притвор, велат од Кривичен

Редакција