еМагазин
Image default
Локално

Две девојки повредени откако возило на МВР во „рикверц“ удрило во два мопеди

На 27.09.2020 во 13.15 часот на паркинг  кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М. (44) , враќајќи се наназад удрило во запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од М.Ѓ.(22), и запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од С.Ѓ.(21), двајцата од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) од Скопје и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8-ми Септември“ во Скопје.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Пластичарска улица“ не личи на себе

Редакција

Повредена девојка од залутан куршум додека си седела дома во Чаир

Редакција

Во Битола пронајдени 31 артилерска граната од Првата светска војна

Редакција