еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Две лица од дебарското село Аме кои ги опожарувале нивите, ќе добијат пријава за подметнат пожар 

Дебарското одделението за внатрешни работи ќе поднесе соодветни пријави против две лица од село Аме, под сомнение за подметнат пожар.

-Во ОВР Дебар синоќа во 19:35 часот пријавен е пожар на нива-стрниште во атарот на селото Аме, по што полициски екипи извршија увид на местото. Притоа, затекнати се А.Ш.(47) и З.К.(37), двајцата од истото село, кои, при чистење на нивата сопственост на нивниот соселанец Л.Џ. запалиле оган, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, против нив ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава, а со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Дебар огнот е целосно изгаснат.

Ова е втор случај во последните два дена на предизивкување пожар при чистење на ниви.

Завчера доцна попладне беше приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на пограничното село Бомово.

Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви казни предвидува Кривичен законик за подметнување пожари

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва интерактивна мапа за коронавирусот во Македонија

Редакција

Невладини организации бараат политичка одговорност за бегството на Никола Груевски

Редакција

Се затвора Клиниката за кожни болести во Скопје и кожното одделение во Штип

Редакција