еМагазин
Image default
Македонија

Две лица позитивни на Ковид-19 кои требало да бидат во изолација, гласале на гласачкото место 2276 во Штип

Во СВР Штип во 10:25 часот е пријавено од член на Избирачки одбор дека на гласачкото место 2276 лоцирано во штиспката  детската градинка „Вера Циривири Трена“ лица на возраст од 72 и 67 години гласале на посоченото гласачкото место иако биле позитивни и биле во списокот за изолација од Ковид-19.

На списокот за изолација се од 12 декември 2020. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека известен е јавен обвинител по чија насока по комплитирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева вели дека процесот на гласање на гласачкото место не бил прикинат и при најмал сомнеж дека е загрозен процесот на гласање се праќа екипа од Центарот за јавно здравје да направи дезинфекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штип и Пласница бираат нови градоначалници

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Барањата на Бугарија се дрски, ненаучни и нереални, вели Штајнакер, поранешната заменик германска амбасадорка во Бугарија

Редакција

Од Ковид-19 починале пет лица, дополнително пријавени уште пет

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците низ Македонија

Редакција