еМагазин
Image default
Македонија

Интерес на Бугарија е Македонија да постои, бидејќи ја раскинува копнената врска помеѓу Србија и Грција, вели бугарски историчар

Воин Божинов, бугарски историчар и член на Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН) за Бугарското национално радио вели дека стратешки интерес на Бугарија е Северна Македонија да постои како независна држава, бидејќи на тој начин се раскинувала копнената врска помеѓу Србија и Грција, која во минатото секогаш ја задушувала Бугарија.

„Нашата дипломатија мора да има крајно рафинирани начини на дејствување. Од една страна, треба да ги заштити нашите национални интереси, а од друга, треба да покаже дека Република Северна Македонија има место во европското семејство со цел во неа да не започнат деструктивни процеси кои може да доведат до нејзино распаѓање.

Нашиот генерален интерес е Република Северна Македонија да постои како независна држава, бидејќи нејзиното присуство на картата ја раскинува копнената врска помеѓу Србите и Грците, што е наш голем интерес, бидејќи тоа е граница што секогаш ја задушуваше Бугарија“, вели Божинов.

Тој смета дека во Македонија има антибугарска хистерија со што македонизмот не е само идеологија, туку и ментално отстапување, а самодовербата во земјата доаѓала од политичка класа која била создадена во Југославија, како и од фактот дека некои европски држави стојат зад Северна Македонија.

„Крајно време е земја како Германија да каже каква позиција зазема и јасно да каже дали стои зад членка на Европската унија или зад земја која е кандидат за Европската унија.

Очигледно Германија има политички и економски интереси на Балканот. Проширувањето на ЕУ значи проширување на германското влијание во нашиот регион„, вели тој.

Според него погрешно било што Македонија смета дека по изборите политиката во Бугарија ќе се променила. Тоа го потврдува и со средбата на Владо Бучковски со опозициските лидери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Од агент на бугарската служба за безбедност до вицепремиер: Кој е Красимир Каракачанов

„Македонците се Бугари, Македонија е бугарска„: Како на социјалните мрежи во Бугарија се шири говор на омраза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Монструм“

Редакција

Алармантна здравствената состојба на Камчев, во затвор го лекуваат со сол и газирана вода, тврдат неговите адвокати

Редакција

Бројката на заразени со коронавирус на крузерот во Јапонија каде што има и наши граѓани, достигна 174 лица

Редакција