еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Две сончеви електрани инсталирани на ФЕИТ

Две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 киловата денеска беа пуштени во употреба на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). Едната централа е донација од компанијата „Окта“, а другата е набавена во рамки на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање енергија во згради со фотоволтаици“ и со средства на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Струјата произведена со фотоволтаичните централи ќе се користи за за потребите на ФЕИТ и на факултетот ќе му донесе годишна заштеда од 3.000 до 3.500 евра.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека фотоволтаичните центрaли му овозможуваат на факултетот да има современ енергетски ефикасен објект и да прави максимални заштеди кога е во прашање потрошувачката на електрична енергија.

Според него, фотоволтаичните централи ќе бидат и одлична можност за студентите да се запознаат со начинот на функционирање на овој тип на системи како дел од наставата, да анализираат како генерираат електрична енергија од фотоволтаици и како ја алоцираат со минимални материјални трошоци.

“Овој проект треба да биде пример и поттик и за домаќинствата и бизнис заедницата, односно енергетските оператори затоа што фотоволтаичните централи можат да им послужат и заштедат средства, да ја заштитат животната средина и да се намали загадувањето“, рече Адеми.

Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски нагласи дека со овие фотоволтаици придонесуваат за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето.

Вкупната вредност на проектот за набавка и инсталирање на двете централи изнесува 27.500 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Се пали на отворено пред Собрание, црниот чад и смрад од горена пластика се шири и никој не реагира

Редакција

РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во Европа

Редакција

Забрането движење на моторни возила кон Горна Лешница

Редакција