еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе ја напушти ли и Достоинство на Стојанче Ангелов владината коалиција?

Претседателот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов најавува излегување од владејачката коалиција доколку не биде прифатена иницијативата на партијата за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители, како и триесетина воени инвалиди од 2001 година.

-Крајно сме разочарани и револтирани од пратениците на СДСМ кои пред неколку дена гласаа против предлог законот за дополнување на законот за бранители. СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските бранители од 2001-та преку носење на владина одлука.

Затоа, на денешната прес-конференција повторно ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители, како и триесетина воени инвалиди од 2001 година.

Доколку нашата иницијатива биде отфрлена, Достоинство ќе го преиспита своето учество во владејачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, напиша Ангелов на Фејсбук.

Фото: Ангелов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Нема смешка за „Амди за претседател“ пошто смешката сме ние“: Твитер за кандидатурата на Бајрам за претседател на државата

Редакција

Рама на “Отворен Балкан“: Пријатели од Македонија не се нервирајте поради Бугарија

Редакција

Поголем интерес за летување од лани: Грција и Турција најбарани

Редакција