еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Ќе беше добро ова да беше сценарио за филм, но за жал ова е реалност“, рече обвинителката Ристоска во завршните зборови за „Таргет-Тврдина“

Во Кривичниот суд во Скопје обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов денеска ги даваат завршните зборови за случајот „Таргет и Тврдина“, кој се однесува на масовното незаконско прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Обвинителката Ристоска презентираше како се одвивале настаните за извлекување на материјалите кои се изнесени од МВР.

Таа меѓу другото, во завршните зборови ги потенцираше и тортурите на сведоците кога биле испрашувани во МВР, откако признале дека тие ги изнесувале материјалите.

-Ќе беше добро ова да беше сценарио за филм, но за жал ова е реалност, рече Ристоска, појаснувајќи како се одвивало прислушкувањето преку трите системи во МВР.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1 541 број или вкупно 5 827 телефонски броеви.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мицкоски приреди ифтарска вечера за членовите и пријателите од исламска вероисповед

Редакција

Мицкоски ја прашува власта: Сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа Груевски. Пред кого правите евтин театар?

Редакција

Почина велосипедист по удар од возило во Тетово, возачот избегал

Редакција