еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се либерализира пазарот со природен гас

На денешната седница на Владата ќе се донесат одлуки со кои ќе се либерaлизира пазарот и во делот на природниот гас, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Колку што сум информиран, ЕСМ достави писмо до Макпетрол и до другите компании кои покажале интерес да го снабдат ЕСМ и топланите со природен гас до утре, најкасно до петок да достават понуди за ноември, а доколку имаат количинии до крајот на грејната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ побара од Макпетрол до четврток да достави понуда за гас за цела грејна сезона

Моментално само Макпетрол има лиценца за снабдување со природен гас во нашата држава, но денеска на седница на Владата ќе се носат соодветни одлуки и ќе се ослободат одредени капацитети што ќе можат да се користат од сите трговци што значи дека ќе се либерализира пазарот и во делот на природниот гас, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

-Наместо да купувавме природен гас во претходните месеци со цени од 3.500 евра сега денешната цена е околу 1.100 што е тројно помалку. Тоа покажува дека институциите работат согласно точни информации и целосно сме усогласени со тоа што треба да се донесе во Европската комисија, рече Бектеши и додаде дека од 1 декември ќе има мерки за компаниите од прехранбената индустрија, основните и средните училишта и за комуналните препријатија кои стопанисуваат со водни пумпи и пречистителни станици.

За мерките биле информирани стопанските комори и најважно од се, како што кажа, е дека стопанството ќе има предвидливост.

Нагласи дека очекува земјава навремено да добие помош од Европската комисија за справување со екнергетската криза.

-Денеска го потпишав писмото до ЕК согласно разговорите што ги направивме со комесарот Вархеји со нашите конретни барања како држава и во наредниот период ќе имаме одговор.

Не би сакал да зборувам за сумите и конкретните барања заради тоа што уште течат преговорите, а во нив покрај нас се вклучени и сите држави од регионот. Очекувам нашата држава да има дополнителна помош која ќе дојде навремено и со соодветна сума за потребите и на стопанството и на мерките кои се реализираат во државата, рече Бектеши.

Во писмото бараме, прецизира, од 1 јануари да се прошири списокот на ранливите категории на граѓани кои добиваат помош за електрична енергија и за енергенси, бараме кофинансирање на одредени субвенции кои веќе ќе почнат да се реализираат за да се градат фотонапонски централи на покривите на домаќинствата и на микро и малите претпријатија, како и директна субвенција и на компаниите кои се на отворен пазар на електрична енергија и на тие кои се на регулиран пазар со цел да се задржи нивната конкурентност на регионално, но и на европско ниво.

Чекам, додаде, конкретна понуда со суми и начин на испорака и банкарски гаранции за нашите граѓани да бидат обезбедени согласно процедурите. Кога ќе имаме таква понуда, обврската е на ЕСМ да ја одберат најдобрата и најповолната.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бучковски на „тапет“ на Твитер откако Владата го назначи за специјален преставник за Бугарија

Редакција

14 заболеле во болница: Бројот на здравствени работници со коронавирусот порасна на 21

Редакција

Тежок разговор со петорката на ЕУ, САД, Италија, Германија и Италија, оцени Вучиќ

Редакција