Македонските државјани кои ќе се затекнат на граница од 1 септември натаму, а не се вацинирани или немаат ПЦР – тест ќе мора да одат во седумдневна изолација, но властите најавуваат дека би можело повторно да се разгледа оваа мерка.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ќе се размисли за тоа дали може вакви тестови да се прават на самата граница при влез во државата.
Меѓутоа тоа, како што рече, најмногу зависи од кадарот, бидејќи тие се ангажирани за вакцинацијата на граѓаните.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека за ова Министерството ќе излезе со дополнителен став.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опаѓаат бројките на нови заболени од Ковид-19, но рано е да се каже дали е тренд, вели Филипче
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.