еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе важат старите дозволи за движење на работниците и при промена на полицискиот час

Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи, соопшти владината прес-служба.

„Владата на Република Северна Македонија на последниот кризен штаб донесе одлука со која се продолжува важноста на веќе издадените дозволи за движење за време на полициски час на работниците поради вршење на сменска и ноќна работа.

Со последната одлука работодавачите немаат повеќе обврска да го менуваат датумот и временскиот период во образецот“, се наведува во соопштението.

Овие дозволи, како што е посочено во соопштението, ги издава работодавачот на пропишан образец од страна на Владата.

Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во која работи. При тоа, се наведува и смената во која е ангажиран работникот.

Дозволата е потврда за движењето на работникот во услови на полициски час и истата се приложува на увид до органите на државата во случај на контрола. Дозволата за движење важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.

„Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или надлежното ОВР“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По лабавиот полициски, жесток политички час: Ќе има ли избори?

Фабриките да ја реорганизираат работата во смени, препорача Владата

222 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот, 37 оздравени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Хит оил“ го доби тендерот на ЈКП Тетово за набавка на нафта вреден 241.000 евра

Редакција

Дигитализацијата и забрзаниот економски развој, во фокус на годинешниот Самит на Македонија 2025

Редакција

Живко Мукаетов купи 1.000 акции од „Алкалоид“

Редакција