еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Еден од најголемите работодавачи, Еуроникел Индустри ја гаси печката, не може да ја издржи енергетската криза

Еден од најголемите работодавачи во Македонија, Еуроникел Индустри (некогашен Фени) ја гаси печката, бидејќи неможе да ја издржи енергетската криза.

“Еуроникел Индустри е најголем поединечен потрошувач на електрична енергија во државата, каде струјата има најголем удел во производниот трошок. Имајќи предвид дека цената на електричната енергија започна вртоглаво да расте уште во  октомври 2021 година, ние преземавме бројни активности за амортизирање на последиците и продолжување на производниот процес.

Со натомошна ескалација на пазарот на струја во месец јули 2022 година, застанавме со производството и во изминатите три месеци преземавме бројни неопходни ремонтни активности, а веќе во средината на септември, започнавме и со принуден платен одмор на работниците.

Бидејќи долгорочно одржување на електро-печката во топла состојба не е препорачливо од техничка гледна точка и носи техничко-технолошки ризици, а во исто време се трошат огромни средства, а притоа не се генерираат никакви приходи, одлучивме плански да го стопираме напојувањето и сите ресурси да ги насочиме кон енергетски проекти кои имаат за цел да обезбедат електрична енергија за продолжување на производниот процес“, информираат од компанијата.

Во меѓувреме, како што посочуваат од таму, преземени се сите соодветни мерки, доколку дојде до поволна промена на пазарот на електрична енергија, или пак се обезбеди електрична енергија од страна на државата, по субвенционирана цена, подготвени сме во најкраток рок да го рестартираме процесот.

„Паралелно на ова, реализацијата на нашите планови за енергетска независност подразбираат и институционална поддршка, која се надеваме соодветно ќе ја добиеме, а во интерес на компанијата, вработените, добавувачите и сите останати засегнати страни, и секако во интерес на националната економија, ако се земе предвид дека Еуроникел е еден од најголемите работодавачи, втор најголем извозник, со значаен придонес кон бруто домашниот производ“, велат од компанијата.

Фото: Еуроникел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 409 случаи на Ковид-19 од 4.751 тестирања

Редакција

Земјите од ЕУ постигнаа првичен договор за нови санкции против Русија

Редакција

Општина Липково склучи договор со „Ју-Бај 2 Амет“ вреден 721,1 илјади евра

Редакција