еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Захариева: Како што тргнале Македонците ќе почнат да ја негираат бугарската нација

Бугарија секогаш добро се однесувала кон Северна Македонија, во сите тешки моменти досега подадовме рака. Ние ќе продолжиме да им помагаме и ќе пружиме рака, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за бугарската БТВ.

„Ние велиме „не“ на почетокот на преговорите, а не на членството на Северна Македонија во ЕУ, не веруваме дека во моментов тие се подготвени да ги исполнат условите за почеток на преговорите“, објасни министерката Захариева.

Според неа, Скопје не го спроведува Договорот за добрососедство и продолжува со омраза кон Софија, поради што, вели, нема начин како Бугарија да каже „да“ во оваа фаза“.

„Никој не го оспорува нивното право на самоопределување и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но не се согласуваме дека тоа право на самоопределување треба да се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик. Како што тргнале, тие ќе почнат да го негираат постоењето на бугарска нација“, изјави Захариева.

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хит на Твитер: Македонците и фатија сеир на Захариева која го одбележа Денот против расизмот и антисемитизмот

Нема да правиме шоу од проблемот со Бугарија, вели Заев, кој не открива детали од разговорите во Софија

Што прво прифатила, па одбила Бугарија: Објавен нон-пејперот од средбата на Димитров, Османи и Захариева во Берлин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар

Редакција

Негативниот ПЦР тест за влез во Грција, наместо од 5-годишна возраст, задолжителен за сите со наполнети 6 години: Ова се најновите правила

Редакција

Обвинителство се уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата за конфискацијата на имотот на „Трансмет“, велат од Антикорупциска

Редакција