еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема да правиме шоу од проблемот со Бугарија, вели Заев, кој не открива детали од разговорите во Софија

Ќе продолжиме да работиме со Бугарија за изнаоѓање заедничко победничко решение. Во овој момент се уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, но пред нас постојат услови за тоа.

Целта е низ договорот преку двете комисии, а тоа е историската комисија и меѓувладината комисија да ги изнајдеме решенијата кои ќе имаат дополнително појаснување, ангажман, сериознио имплементирање на обврските од Договорот.

Очекуваме дека овие денови ќе се интензицвираат разговорите за на крајот непосредно пред 17, а тоа е вторник да се обидеме да постигнеме решение.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференција во Владата за изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов дека Скопје има време до петок да корегира се што пропушптило во замена за почеток на пристапните преговори, а би ги вклучувало прашањата за јазикот, идентитетот и историјата

– Вистинските политичари мора да му дадат шанса на процесот и да најдат начин да се согласат. За тоа имаме и директна поддршка од канцеларката Меркел, рече Заев.

Тој потврди дека вчера навистина имале конструктивни разговори во пријателска атмосфера како соседи кои имаат намера да ја обезбедат европската иднина на регионот, и рече дека се надева дека така и ќе продолжат.

-Искуството во преговорите со Грција ме научи дека на Блаканот кога се работи за вакви прашања вистинско решение мора да постои само ако двете страни излезат како победници, односно едната да внимава на другата страна и обратно.

Во овој момент се уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, но пред нас постојат услови за тоа. Тоа значи дека ќе продолжиме да разговараме, но не мислам дека тој процес треба да се случува преку јавни препукувања.

Се разбира, ние ќе информираме суштински и на време за овие важни прашања, но нема да правиме шоу од овој сериозен момент за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за домашаната јавност и во двете земји, но не ја зголемува шансата за решение, вели Заев.

Нагласи дека Владата нема да го прави тоа во периодот што претстои и дека има јаснио утврдени позиции..

-Имаме свои јасни и прецизни позиции, ќе продолжиме да работиме со Бугарија во изнаиѓање на заедничко победничко решение. Македонскиот идентитет е гордост и ќе остане како наша гордост како планина и без да мораме да правиме националистички спектакл за ова прашање.

Многу е важно како соседни и пријателски земји заедно да чекориме на патот кон ЕУ поддржувајќи се едни со други, бидејќи само така ќе донесеме напредок за сите наши граѓани што е наша основна задача како политичари.

Целта е низ договорот преку двете комисии, а тоа е Историската комисија и Меѓувладината комисија да ги изнајдеме решенијата кои што ќе имаат дополнително појаснување, ангажман, сериознио имплементирање на обврските од Договорот, како што е Кордидорот 8 и други значајни економски проекти се со цел да имаме поуспешна реализација на Договорот за пријателство.

Очекуваме дека овие денови ќе се интензивираат разговорите за на крајот непосредно пред 17, а тоа е вторник да се обидеме да постигнеме решение, рече Заев.

Запрашан што конкретно С Македонија треба да прифати, Заев го повтори одговорот и нагласи дека бугарската страна не бара да бидат оспорени македонскиот идентитет и јазик, но вели, внимаваме на двете страни, низ преговорите оти ако двете страни се почитуват можно е решение.

-Сакаме да постигнеме решение. Секако г. Каракачанов вчера помина значаен дел заедно со македонската делегација на разговорите. Јас верувам дека од тие раговори има една пријателска атмосфера, со сите детали, за болката од нивна и нашата страна, аспирациите од нивна страна, аспирациите од наша страна.

Но, заклучивме дека секако и двете страни имаат обврска да ги заштитат своите национални интереси и оправдаат своите политики. Но, она што е еднакво важно двете страни имаат обврска да ја гарантираат европската иднина на регионот и да го штитат пријателството помеѓу двете земји, рече Заев без да даде повеќе детали за разговорите.

Тој воедно изрази жалење за говорот на омраза на социјалните медиуми подвлекувајќи дека Бугарија е наш голем пријател и апелираше да се покаже вистински однос.

-Верувам дека се уште имаме време да постигнеме решение. Советот за општи работи е на 17 ноември каде министрите за надворешни работи на ЕУ ќе расправаат за преговарачката рамка.

Убаво е да постигне решение до 17, но ако не постигнеме за мене секако остануваат отворени можностите до крајот на декември за одржување на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство.

Но, дефинитивно шансите по 17- ти се помали, верувам дека овие денови максимално македонската и бугарската страна ќе ги искористат.

Додека зборувам работните групи работат на онлајн состанок и верувам дека ќе изнајдат квалитетни решенија кои што ќе го зајакнат пријателството, ќе го искористат заедничкото минато или заедничката историја од која се развиле двете држави и двата јазици, а верувам дека низ тој дел ќе ги добиеме симпатиите на европските лидери кои очекуваат од нас да најдеме решение , рече премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Не можеме да преговараме за тоа кои сме, каков јазик зборуваме и кој ни е идентитетот

Каракачанов: Не водиме инает, не можеме да правиме компромис за бугарската историја

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Загадена си, валкана си, ама за нас си најубава: Поинаква честитка за денот на ослободување на Битола

Редакција

Васко Стефанов нов генерален директор на ЕСМ, а Марија Пејкова директорка за финансиски работи

Редакција

Што работи фирмата Атриум на братот на пратеникот Крсто Мукоски, која „растура“ на тендери

Редакција