еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев не ги прифати понудените оставки од Филипче и Хасани

Премиерот Зоран Заев не ги прифати понудените оставки од морални причини на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, во врска со пожарот што избувна на 8 септември годинава во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица.

– Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, кои од морални прични поднесоа оставки.

За евентуалните грешки причинети од човечки фактор ќе се произнесат надлежните органи, изјави денеска премиерот Заев, додавајќи оти им ја дава довербата да продолжат да го водат здравствениот систем.

Заев нагласи дека останува на ставот оти нема да дозволи политизирање на трагедијата во тетовската болница.

– Ние политичарите и извршната власт, генерално не смееме и нема да го толкуваме извештајот на вештите лица кои постпауваа по наредба на Јавното обвинителствот на Република Северна Македонија, истакна Заев.

– Откриена е причината за пожарот и таа е јасно и јавно објавена. Ја примив оваа информација и постапувам и веднаш дадов насоки до Министерството за здравтсво во најкус можен рок да се  извршат темелни теренски контроли во сите модуларни болници.

Сега е најважно да се засилат контролите и проверките за да се намали ризикот од вакви несреќи предизвикани од страни предмети во иднина, поради што за жал изгубивме 14 животи, рече Заев.

Тој наведе дека ни се случи страшна трагедија, но не сме единствена земја во светот во која се случуваат вакви трагедиии и при тоа повторно изрази сучувство до семејствата на загинатите.

Претходно денеска, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, информираше дека во Основното јавно обвинителство – Тетово е доставен Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.

– Со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.

Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегреан кабел на дефибрилатор причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, велат од Обвинителство

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И директорот на ЈП Лајка, Воислав Димитровски поднесе оставка

Редакција

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Каков имот пријавил премиерот Димитар Ковачевски кој утре ќе поднесе оставка

Редакција